Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев ќе допатува утре утре во Скопје за да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 151-та годишнина од раѓањето на револуционерот.
Како што јави БТА, Демерџиев ќе биде придружуван од неговиот заменик Венцислав Катинов.
Ова е прва потврда за присуство на бугарски владини претставници на чествувањето во црквата „Свети Спас“, кое е означено како настан од висок ризик при затегнати односи меѓу двете земји кои Гоце Делчев го сметаат за свој национален херој.
Демерџиев во понеделникот беше во Скопје, кога се сретна со својот македонски колега, Оливер Спасовски, кога упатија пораки дека не смее да има инциденти на чествувањето, како и дека нема да се дозволи одредени лица и закани да го разгорат огнот меѓу двата народи.
Видете и ова: Гробот на Гоце како поле за зближување или разединување на Скопје и Софија?За време и пред настанот е најавено засилено полициско присуство во обид да се спречат инциденти, поради најавата за присуство на група бугарски граѓани, организирана од бугарската фондација „Македонија“. Полицијата вчеравечер ги затвори улиците кои водат до местото каде што е погребан Гоце Делчев.
Гробот на Делчев, утре ќе го посети владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, почит пред гробот на Гоце Делчев ќе оддаде и претседателот Стево Пендаровски, делегација на Собранието предводена од собранискиот потпретседател Горан Мисовски, како и делегации на институции, партии и граѓански здруженија.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5