Поради основано сомневање дека со непостапување при незаконско градење овозможиле прибавување корист за друго лице, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да покрене иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и овластен градежен инспектор. Иницијативата ќе биде поднесена до надлежното Основно јавно обвинителство за поведување кривична постапка за „злоупотреба на службена положба и должност“.
Како што појасни членот на ДКСК, Владимир Георгиев, со самото не постапување и не одговарање на дописите на Државниот градежен инспекторат и ДКСК, создале сомнеж дека се знаело за објектот, меѓутоа не се постапувало.
„Барањето од група граѓани, кои што се обратиле до Државниот инспекторат за градежништво е крајот на 2018 година. Ние, одговорот со сите ургенции го добивме три години подоцна“, изјави Георгиев.
Видете и ова: ДКСК со иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер СпасовскиПредметот бил доставен од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, по пријава до нив од граѓани против непознат инвеститор за сторено дело – бесправно градење на објект. Оттаму ја доставиле претставката до овластениот градежен инспектор во општината Чаир, а од градоначалникот било побарано да ги преземе сите со закон предвидени дејствија. Немало одговор од општината, па од Инспекторат поднеле ургенција, на која што повторно не добиле одговор по што се обратиле до ДКСК изразувајќи сомнеж дека се работи за дивоградба.
И ДКСК побарал одговор од општината и ја добиле по третата ургенција, каде по увид во списите било констатирано дека за објектот имало барање за утврдување статус на бесправно изграден објект и дека објектот ги исполнува условите за легализација.
Видете и ова: Татко и ќерка обвинети за 8 дивоградби во мавровско ЛеуновоДКСК, посочува дека доколку било постапено по барањата на Инспекторатот и Антиркорупциска, во периодот од три години, би можело да биде спречено и да бидат применети одредбите за уривање на градбата и други мерки предвидени во законот, а кои што се во надлежност на општината.