Норвешка ќе нарача 54 нови тенкови од Германија

Леопард 2

Норвешка ќе нарача 54 нови тенкови Леопард 2 од германско производство за својата армија од групата Краус-Мафеи Вегман и ќе добие опција да купи уште 18 тенкови подоцна, соопшти денеска норвешката влада. „Ние гарантираме дека ги имаме истите тенкови како нашите нордиски соседи и многу клучни сојузници во НАТО“, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција, додавајќи: „Ова дополнително ги зајакнува нашите односи со Германија“.

Видете и ова: Западните тенкови „витални“ во обидот на Украина да ги истера руските сили

Нордиската членка на НАТО, која дели 196 километри Арктичка граница со Русија, планираше да избере или тенкови Леопард 2 А7 од германско производство или ривалскиот тенк К2 Црн Пантер од корејско производство, произведен од Хјундаи Ротем. Норвешка првично планираше да набави 72 тенкови, но во последниве месеци разговараше за намалена набавка откако началникот на одбраната на земјата препорача да се трошат повеќе средства за хеликоптери, беспилотни летала и артилерија со долг дострел.