Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто остро го критикуваше амбасадорот на Соединетите држави во Будимпешта за, како што рече, обиди за мешање во внатрешните работи на Унгарија, што е најнов знак за растечкиот дипломатски јаз меѓу САД и Унгарија. Говорејќи на прес-конференција Будимпешта, Сијарто ги критикуваше коментарите дадени во Политико од амбасадорот Дејвид Пресман, во кои американскиот претставник се осврна врз пристапот на Унгарија кон војната во соседна Украина како спроведување „политики одобрени од руски претседател Владимир Путин“. Одговарајќи на тие коментари Сијарто рече: „Целосно е неважно што тој или кој било друг амбасадор мисли за домашниот политички процес во Унгарија, бидејќи тоа нема никаква врска со него. Не е неговото место да се меша во внатрешните работи на Унгарија“.
Видете и ова: Како Орбан се обиде да занеми 10 милиони Унгарци за путиновата војнаПресман, назначен од администрацијата на Бајден, кој претходно беше амбасадор на САД во Обединетите нации за специјални политички прашања, се соочи со значителни критики откако ја презеде функцијата во Унгарија во август минатата година. Локалните медиуми лојални на десничарската влада на премиерот Виктор Орбан го обвинија дипломатот за мешање во унгарското правосудство и туркање на американскиот колонијализам.