Украинската војска соопшти дека има јасни знаци дека руските сили се подготвуваат за голем напад на истокот од земјата.
„Непријателот активно спроведува извидување, подготвувајќи се за офанзива во одредени правци“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили во својот дневен извештај денеска.
„И покрај големите загуби, продолжува со обидите за офанзивни акции во областите Лиман, Бахмут, Авдијивка и Новопавливка, во регионот Доњецк“, соопшти Генералштабот.
Руска ракета погоди станбена зграда во Краматорск, „најмалку двајца загинати“
Претседателот Володимир Зеленски вчера рече дека има зголемување на операциите на Русија на источниот фронт и рече дека ситуацијата „станува потешка“ додека Русите се обидуваат да постигнат успеси со кои би можеле да се пофалат на првата годишнина од војната на 24 февруари.
Секретарот на Советот за безбедност на Украина, Олексеј Данилов, исто така предупреди дека Русија планира голем напад од повеќе правци што може да се случи во пресрет на годишнината од руската инвазија врз Украина.