Од почетокот на учебнава година 182 ученици се отпишале од кумановските училишта поради селење во странство

Macedonia - Students in a primary school in Skopje teaching with covid-19 measures

Од почетокот на учебнава година, од кумановските училишта се отпишале 235 ученици, соопштија од општинскиот сектор за образование. Најголем дел од учениците односно 182 биле отпишани поради преселба во друга држава, а дел поради преселба во друга општина.

„Во учебната 2022/2023 година во општинските основни училишта, со состојба до 02.02. 2023 година, се отпишани вкупно 201 ученик од вкупно 10.097 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 37 се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија, а 164 ученици се отпишани поради преселба во друга држава. Во општинските средни училишта, се отпишани вкупно 34 ученик од 4.126 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 16 се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија, а 18 ученици се отпишани поради преселба во друга држава“, информираат од секторот.

Попис направивме, но лек за иселувањето нема

Лани, состојбата била уште полоша. Од основните се отпишале 220 ученика, од средните 60. На последната седница, надлежните кажаа дека трендот на отселување не го одминува Куманово, иако е најголема општина во државата, а изразија и стравување за масовно отселување по најавите дека Германија ќе донесе ново олеснување на визниот режим и со тоа да дојде до дополнително иселување од градот.