Финска и Шведска остануваат посветени на приклучување кон НАТО во исто време и покрај противењето на Турција за шведската кандидатура, рекоа премиерите на двете земји во Стокхолм на 2 февруари, пренесува Ројтерс.
Турција рече дека би можела да ја одобри апликацијата за членство на Финска во НАТО пред таа на Шведска, но финските власти ја отфрлија оваа идеја, тврдејќи дека безбедноста на двете нордиски земји е заемно зависна.
„Не ми се допаѓа оваа атмосфера, позиција во која Шведска е претставена како еден вид проблематично дете во училницата. Мислам дека тоа не е така“, рече финската премиерка Сана Марин.
Ердоган: Шведска нема да види поддршка од Турција за НАТО, ако не покаже почит
Шведска, како и Финска, аплицираше за членство во НАТО минатата година, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност, откако Русија ја нападна Украина. Турција и Унгарија се единствените две членки на НАТО кои го немаат ратификувано протоколот за пристапување на овие земји во Алијансата.