Српската десница ја обвинува власта за инцидентот во Собранието

Србија - Во собраниската сала дошло до расправија меѓу пратениците.

Пратениците на десничарските партии, движења и коалиции најавија дека владејачкото мнозинство ги спречило да се изјаснат на седницата.

„Две минути ни беше ускратено правото да зборуваме. Нашата реакција беше децидна и достоинствена. Не дојдовме да правиме циркус, циркуси прават тие што не ги почитуваат правилата“, изјави пратеничката Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.

„Ние сме многу толерантни луѓе и партии, но тоа се историски теми и немаме право да не бидеме слушнати на оваа тема“, рече пратеникот Милош Јовановиќ, додавајќи дека пратениците од владејачкото мнозинство „се единствените виновници за немили сцени“ во парламентот.

Претходно пратеникот Бранимир Јовановиќ од Социјалдемократската партија на Србија (СДПС), член на владејачката коалиција рече дека СДПС ќе продолжи да го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ во разговорите со Приштина.

Тензии на седницата на српскиот парламент на која се расправа за Косово

Во продолжението на седницата повторно се обрати и претседателот на државата Александар Вучиќ. Тој изјави дека Србија ќе се залага за компромисно однесување и дека „нема да се извини никому“.

На седницата продолжи дебатата меѓу Вучиќ и пратениците од опозицијата од десничарските партии за тоа кој ја довел Србија на позицијата во која е во однос на дијалогот со Косово, сегашната или претходната влада.

Дел од пратениците од опозицијата се уште стојат пред собраниските клупи, држејќи го Деловникот во раце додека пратеникот од Партијата на обединети пензионери на Србија (ПУПС) Стефан Кркобабиќ им се обраќа на присутните од своето место.

На седницата на српскиот парламент се расправа за Косово. На инцидентот му претходеше говорот на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој повика на отфрлање на француско-германскиот план за, како што наведе, „да се спречи претседателот да ја предаде Србија“.