Бугарскиот претседател Румен Радев денеска потпиша указ за распуштање на парламентот и одредување на 2 април како датум за предвремени избори -- петти во земјата во две години -- откако неубедливите избори во октомври не донесоа влада. Радев, исто така, повторно го назначи Галаб Донев за привремен премиер во преодниот период. Составот на преодната влада остана речиси непроменет, со исклучок на министерот за култура во заминување Велислав Минеков, кој е сменет со диригентот Најден Тодоров.
Видете и ова: Радев - На 2 април предвремени парламентарни избори во БугаријаРадев веќе најави дека ќе бидат потребни предвремени избори, откако Бугарската Социјалистичка партија (БСП) на 24 јануари соопшти дека не успеала да формира влада и му го вратила неисполнетиот мандат на претседателот. Тоа беше трета и последна можност да се формира влада под актуелниот законодавен дом што произлезе од изборите на 2 октомври. Пред обидот на социјалистите за формирање коалиција, двете најсилни групи во бугарскиот парламент -- централно-десничарската партија ГЕРБ и реформистичката партија „Продолжуваме со промените“ се обидоа и не успеаја да најдат доволно поддршка за да формираат свои влади. Континуираната политичка криза се очекува да ги попречи плановите на најсиромашната земја на Европската унија за приклучување кон еврозоната на крајот на оваа година, како и навременото примање на милијарди евра во фондовите за закрепнување на ЕУ.