Во пресрет на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, од денеска до сабота во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека, од денеска, од 18.00 часот, поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 4 февруари, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, скопскиот Сектор за внатрешни работи ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. „Притоа, од денеска за сообраќај ќе биде затворена улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со улицата „Прохор Пчински“, а на 4 февруари (сабота) посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“, соопштуваат од МВР.
Видете и ова: Ковачевски-Донев: Мирно и непречено чествување на роденденот на Делчев, санкции за секој кој ќе ја наруши безбедностаСекторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот. „Одлуките за тоа дали некому ќе му биде забранет пристап на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари в сабота во црквата Св. Спас ќе зависи од анализите кои се прават и од податоците со кои располагаме, а се во функција на обезбедување мирно и достоинствено чествување на настанот“, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, наведувајќи дека клучно за МВР ќе биде дали какви било структури кои што сакаат да се организираат имаат намера да предизвикуваат проблеми и да изразуваат непочит кон граѓаните, кон државата.