Денеска беше потпишан договор во Владата со што почнува преговарачкиот процес со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10-д, а во текот на, откако компанијата ја достави банкарската гаранција за понудата од 1.374.304.070 денари, што ја достави на тендерот. Се очекува градежни активности да почнат во текот на оваа година.
Видете и ова: Од 1300 километри, Ковачевски може да се пофали со нови 13 километри патСо овој проект се планира изградба на автопатските делници: Требеништа – Струга – Ќафасан од 22,5 километри, Гостивар – Букојчани од 30,1 километар, Тетово – Гостивар 27 километри, и делницата од Коридорот -10 д Прилеп – Битола 43,4 километри. За таа намена во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. Според премиерот Димитар Ковачевски, ова е најголем капитален инфраструктурен проект во историјата на државата. Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.