Лавров: сакаме да заврши конфликтот во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска рече дека руските сили ќе одговорат на испораката на западно оружје со поголем дострел во Киев во обид да ги истуркаат украинските сили подалеку од неговите граници за да создадат безбедна тампон зона. Во интервју за државната телевизија, Лавров рече дека сите сакаат конфликтот во Украина - кој Москва го нарекува „специјална воена операција“ - да заврши, но дека поддршката на Западот за Киев игра важна улога во тоа како Русија и пристапува на кампањата.

Видете и ова: Западните тенкови „витални“ во обидот на Украина да ги истера руските сили

Лавров во деновиве изјави дека конфликтот меѓу Москва и Западот повеќе не може да се дефинира како „хибридна војна“, туку е поблиску до вистинска, критикувајќи го Западот за испраќање милијарди долари во оружје за Киев. Претходно, Кремљ соопшти дека украинскиот народ ќе страда ако Западот испрати тенкови за поддршка на Киев. Во минатата недела, САД ветија дека ќе испратат 31 тенк „М1 Абрамс“ во Украина, додека Германија потврди дека ќе пренесе 14 тенкови „Леопард 2“ во земјата. Норвешка, Словачка, Велика Британија, Полска и Франција, исто така, ветија дека на Украина ќе и обезбедат тенкови од западно производство. Киев очекува дека во првата тура ќе добие до 140 тенкови од 12 земји.