Договорени тројца кандидати за судии на Уставниот суд на Црна Гора

Данијела Ѓуровиќ

Претседателката на црногорското Собранието, Данијела Ѓуровиќ, изјави дека членовите на Колегиумот на Собранието на Црна Гора и на Уставниот комитет вчера постигнаа договор за избор на тројца кандидати за судии на Уставниот суд. Во соопштението од Собранието се наведува дека до седницата на Уставната комисија ќе се вложат максимални напори за постигнување договор и потребното мнозинство за избор на четвртиот кандидат. Од септември 2022 година, Уставниот суд на Црна Гора нема кворум за одлучување бидејќи има само тројца судии од вкупно седум. Уставната комисија сослуша 26 кандидати кои се пријавија на јавниот повик за избор на четворица судии на Уставниот суд.

Видете и ова: Црна Гора од лидер на интеграциите до можно блокирање на преговарачкиот процес

Таа комисија ќе предложи четворица кандидати, а конечната одлука ќе ја донесе црногорскиот Парламент со двотретинско, односно три петтини, мнозинство гласови од пратениците. На последното гласање во парламентот ниту еден од четворицата предложени кандидати за судии на Уставниот суд не го доби потребното мнозинство, ниту во првиот, ниту во вториот круг од гласањето. Парламентот на Црна Гора избира судии на Уставниот суд со мандат од 12 години.