Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар на средбата во Вашингтон со заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, како што соопшти македонската влада, изјави дека покрај чекорите кои Владата ги презема со цел остварување на стратешките цели на државата, како членка на НАТО е безрезервно вклучена и во поддршка на Украина од секој аспект, како со донации така и со згрижување на бегалците кои се жртви на руската агресија.
Видете и ова: Шахин: поддршка за што поскоро започнување на процесот за преговори меѓу Македонија и ЕУВицепремиерката Грковска нагласи дека стратешкото партнерство со САД за Северна Македонија е од суштинско значење и изрази благодарност за поддршката што САД ни ја дава особено во делот на справувањето со корупцијата, како еден од најзначајните приоритети во градењето на демократски и економски силно општество. Вицепремиерката Грковска го информираше заменик помошникот државен секретар Ескобар за активностите кои се отпочнати од страна на Кабинетот за добро владеење и се она што е претстојно во насока на борбата против корупција, доброто владеење и дигитализацијата.