Вработени во Министерството за финансии на 1 февруари, излегоа на протест за време на паузата пред зградата на Министерството. Тие протестираат оти министерот за финансии Фатмир Бесими ја поништи одлуката да им се зголемат јануарските плати за 30 отсто.
Реагираше и Синдикатот на УПОЗ. Од Синдикатот велат дека министерот ги повлекол решенијата за повисоки плати што работниците веќе ги добиле. Според синдикатот тој направиле кривични дело иго прекршил законот.
Видете и ова: Пензионирање подоцна - Непопуларно за работниците, неопходно за фондотМинистерството за финансии претходно ја правдаше одлуката за повисоки плати со стравувањето дека ќе останат без вработени, бидејќи си давале откази, оти зимале најниски плати. Но одлуката во ова Министерство платите да се зголемат за 30 отсто предизвика револт кај другите министерства.
Од Министерството за финансии потоа прецизираа дека сепак ќе има зголемување на платите за „стручните и професионални кадри, да останат во институцијата и да се спречи одливот на кадар, кој се случува изминатите години“.
„Примената ќе ја регулираме со допрецизирање на одредбата од Законот за Буџети или со самиот Закон за систем на плати во јавниот секторот, кој е во завршна фаза на подготовка како системско решение ва рамки на јавниот сектор“, соопшти Министерството.