Мицкоски повика на мирно и достоинствено чествување на Делчев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика граѓаните во Македонија да не подлегнуваат на провокациите, и мирно чесно и достоинствено да го чествуваат великанот Гоце Делчев, на неговиот роденден на 4 февруари.

Мицкоски на 1 февруари, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Карбинци рече дека има информации оти членови на партијата се повикувани во полициска станица на информативни разговори, но како што рече, не сака да создава паника.

„Имам информации за такви информативни разговори и јас ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните во Македонија да не подлегнуваат на провокациите кои што секојдневно се присутни и кои што имаат само една цел и тие одат во полза само на една структура а тоа е на владата на ДУИ поддржана од СДСМ и на нашиот источен сосед. Ниту една провокација на која што ќе потпадне било кој граѓанин не оди во полза на македонскиот народ и на Македонија како држава“, рече Мицкоски.

Видете и ова: „Гоце Делчев“ под стража

Во однос на прашањето дали на 4 февруари очекува било каква случка која што би ја нарушиле безбедносната состојба во државата, Мицкоски вели дека таква случја би била само на грев на владата и на МВР.

На 4 февруари (сабота), кога се одбележува годишнината од раѓањето на револуционерот. Шефовите на полициите во Скопје и Софија во понеделникот се договорија да ги преземат сите мерки настанот да помине без инциденти.
Претходно, Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, „Гоце Делчев“ најави дека на 4 февруари ќе организираат херојска стража и целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев, за кога е најавено да дојде и група граѓани од Бугарија. И Бугарија и Македонија го сметаат Делечев за свој национален херој.