Американското федерлано било (ФБИ) врши претрес во куќата на американскиот претседател Џо Бајден во Делавер, изјави неговиот адвокат на 1 февруари, додавајќи дека претседателот соработува во процесот на претрес.
„Се договоривме да соработуваме“, се вели во соопштението на адвокатот на Бајден, Боб Бауер. Во него се додава дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата.
Претресот во домот на Бајден, како што се наведува, е во рамките на истрагата за можно погрешно ракување со доверливи документи.
Претресот следеше по претресот на домот на Бајден во Вилмингтон, Делавер на 20 јануари, кога агентите пронајдоа доверливи документи и земаа некои од пишаните белешки на Бајден.
Американски претседател, сами, му дозволи на Министерството за правда да ги прегледа неговите резиденции, додека истражителите се обидуваат да утврдат како доверливите документи од времето кога Бајден беше американски потпретседател и сенатор, завршиле во неговиот дом и канцеларија.
Истрагата за документите на Бајден ја води специјалниот советник Роберт Хур, поранешен главен федерален обвинител во Балтимор. Тој ја презема функцијата оваа недела, наследувајќи ја повеќемесечната истрага што веќе е во тек од агентите на ФБИ и обвинителите на Министерството за правда.
Семејството Бајден го купи домот во Делавер во јуни 2017 година, неколку месеци откако тој ја напушти потпретседателскатафункција.