Уставен суд на 1 февруари го отфрли барањето на подносителот Антонијо Милошоски за случајот Моќник, за нарачана лустрација. Тој вели дека му биле повредени слободните и правата со обвинението против него за случајот Моќник.
„Уставниот суд оцени дека обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот, туку станува збор за поднесок, односно едностран процесуален акт кој е основа за водење на кривична постапка“, соопштија од Уставниот суд.
Уставниот суд одлучува дали одредени права и слободи се повредени, но со конкретен правосилен акт.
Милошоски навел дека му е повредено правото на недискриминација по основ на политичка припадност и политичко уверување, за да му се врши притисок и политичка дискредитација оти бил пратеник од редовите на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ.
Моќник е случај што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. Милошоски е третообвинет во случајот за измама” и „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Видете и ова: Одложена главната расправа за случајот „Моќник“Освен него во случајот обвинети се и таткото на Милошоски и шефот на поранешната Комисија за лустрација Томе Аџиев.
Милошоски користејќи ја својата положба вршел притисоци, праќал инспекции и поттикнувал да биде лустриран судија во Кичево, во случајот со нелегална продажба на имот и објект што го користела Општина Пласница.