Претставници на украинската државна безбедност во средата го претресоа домот на бизнисменот милијардер Ихор Коломојски, во, како што соопштија неколку медиуми, истрага за можни финансиски криминали. Службата за безбедност на Украина (СБУ) не одговори веднаш на барањето за коментар за извештаите, а Коломојски не можеше да се контактира за коментар. Висок претставник на владејачката партија потврди дека е претресен домот на Коломојски - како и на поранешниот министер за внатрешни работи - но не ја наведе причината за претресот.
Видете и ова: Украинскиот Парламент им одзема мандати на петмина пратенициКоломојски е еден од најбогатите луѓе во Украина и некогашен сојузник на претседателот Володимир Зеленски, кој започна акција против богатите бизнисмени познати како „олигарси“ кон крајот на 2021 година - пред Русија да ја започне својата целосна инвазија. Коломојски, поседува низа средства, вклучително и еден од највлијателните телевизиски канали во Украина, ја поддржа изборната кампања на Зеленски во 2019 година. „Украинска правда“ соопшти дека претресот во средата е поврзан со истрагата за наводната проневера на нафтени деривати и затајување на царинските давачки, и дека таа била извршена од СБУ и Бирото за економска безбедност на Украина. Соединетите Држави го санкционираа во 2021 година „поради неговата вмешаност во значителна корупција“. Американските власти, исто така, обвинија дека Коломојски и деловен партнер переле украдени средства преку Соединетите држави. Коломојски го негираше тоа.