Турција гледа позитивно на апликацијата на Финска за членство во НАТО, но не ја поддржува кандидатурата на Шведска, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Шведска не треба да се мачи да се обидува во овој момент. Ние нема да кажеме „да“ на нивната апликација за НАТО се додека тие дозволуваат палење на Куранот“, рече Ердоган во говорот пред неговите пратеници на АК партијата во парламентот. Ердоган во неделата сигнализираше дека Анкара може да се согласи Финска да влезе во НАТО пред Шведска, а турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во понеделникот даде слична изјава.
Видете и ова: Чавушоглу - Турција е попозитивна за влезот на Финска во НАТО, отколку за ШведскаФинскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто деновиве изјави дека Финска го задржува својот план за влез во НАТО истовремено со нордискиот сосед Шведска. „Нашата силна желба е сè уште да влеземе во НАТО заедно со Шведска“, рече Хаависто на прес-конференција во Хелсинки.