Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамки на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот, на која било потенцирано дека поддршката на САД за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ - клучен сегмент за стабилноста на Балканот. За време на средбата, како што соопшти владината прес-служба, се дискутирало околу одлуките кои Владата на Северна Македонија ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и позитивниот пример кој Северна Македонија го дава за земјите во регионот.
Видете и ова: САД: Софија и Скопје да ја деескалираат реторикатаМеѓу другото, сенаторката отворено ја истакна својата поддршка за што поскоро отпочнување на процесот за преговори со Европската Унија кои се од клучна важност како за Северна Македонија така и за стабилноста и безбедноста во регионот. На средбата се разговараше и за една од најактуелните глобални теми – сајбер безбедноста при што вицепремиерката Грковска, чиј еден од клучните фокуси е токму процесот на дигитализација накратко информираше за сите отворени и претстојни процеси во доменот на дигитализацијата и сајбер безбедноста.