Висок американски дипломат изјави дека санкциите против Русија биле „многу ефикасни“ во прекинот на руската воена машина и ќе стануваат сè посилни како што ќе минува времето. Робин Даниган, заменик помошник државен секретар за дипломатија во Источна и Централна Европа, рече дека санкциите вклучуваат строги контроли на извозот што ја попречуваат способноста на рускиот претседател Владимир Путин да ги обнови резервите на оружје. „Ги прекинуваме технолошките влезови на неговата воена машина“, рече Даниган во интервју за РСЕ, додавајќи: „Значи, мислам дека сега тој троши многу од своите моментални залихи и нема да може да ги надополни тие залихи поради нашите извозни контроли. Дополнително, финансиските санкции вршат притисок врз економијата и „ќе ги видиме резултатите од тоа во наредните месеци и години“.
Видете и ова: Претставникот на САД во ОБСЕ: Русија се обидува да го „избрише“ украинскиот суверенитетДаниган зборуваше и за улогата на Белорусија во конфликтот и за санкциите што се воведени против Минск. Даниган рече дека Белорусија била „соучесник“ во војната и го обвини режимот на Александар Лукашенко дека се спротивставува на волјата на мнозинството Белоруси. „Не мислам дека Белорусите сакаат војната против Украина да се води од нивната земја. Затоа, не мислам дека тој ја претставува волјата на сопствениот народ“, рече таа.