Не е дефинитивно влегувањето на Алијансата за Албанците (АА) во Владата, но шансите за тоа се огромни, изјави денеска лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
Таравари рече дека околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските ќе разговараат во следните неколку дена.
„Станува збор за определбата на државата за евроинтеграции, закони за борбата против корупција“, законот за влада и други закони, рече Таравари.
Тој додаде дека еден од ресорите за кои „имаат најдобри кадри“ е Министерството за здравство, но напомена дека разговор на оваа тема воопшто не бил започнат.
По средбата, Владата соопшти дека работните состаноци на премиерот со парламентарните и вонпарламентарните политички партии, на кои фокусот е продолжувањето на европскиот пат и носењето одлуки исклучиво во интерес на граѓаните и државата, ќе продолжат и понатаму.
Ова беше втора средба на премиерот Ковачевски со претседателот на Алијанса за Албанците Таравари.
Со влезот во на АА, власта сака да го зајакне парламентарното мнозинство во парламентот.