Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната средба со неговиот бугарски колега Иван Демерџиев изјави дека разговарале за нападот врз генералниот секретар на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков и за претстојното чествување на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари.
Едно лице е во притвор за нападот на Пендиков, како што посочи Спасовски, и се постапува кон проширување на истрагата. Тој порача дека МВР за сите случаи постапува подеднакво посветено со цел виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата и санкционирани.
„Нашата крајна цел е да се обезбеди безбедност за сите граѓани и сите лица кои престојуваат на нашата територија“, рече Спасовски и во однос на чествувањето на роденденот на Делчев додека дека има малку зголемени тензии и различни најави за нарушување на јавниот ред и мир.
„Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, рече Спасовски.
Видете и ова: Ќучук - Има надворешни фактори кои не сакаат Софија и Скопје да бидат во добри односиМинистерот Демерџиев додаде дека ги добил сите информации од неговиот колега Спасовски дека се ќе биде обезбедено и ќе бидат преземени сите мерки за мирно чествување.
„Јас ќе преземам мерки за луѓето кои што ќе дојдат на чествувањето. Во никаков случај нема да дозволам да бидат предизвикани провокации и да дојде до несакани настани. Постигнавме согласност дека се ќе биде во најдобар можен ред и нема да дозволиме некои луѓе и закани да го разгорат огнот меѓу двата народи. Целат е да се одржи тоа чествување на еден великан како Гоце Делчев, а не да биде место каде ќе се распалуваат огнови“, порача Демерџиев.
Во однос на нападот на Пендиков тој додаде дека со Спасовски постигнале разбирање дека во една земја како Република Северна Македонија не треба да се допуштаат такви инциденти и добил уверување дека случајот ќе биде истражен целосно и објективно. Притоа Демерџиев додаде дека на Спасовски му пред документи и изјави со закани кон Пендиков додека е во болница и добил убедување дека такви лица кои се служат со такви закани ќе бидат изнесени пред правдата.
Видете и ова: Милков: најважниот конкретен чекор за деескалација е внесувањето на Бугарите во УставотОдбележувањето на годишнината од раѓањето на револуционерот Делчев е нов предизвик во односите меѓу соседните земји, кои во изминатиот период повторно се затегнати.
На 19 јануари беше претепан секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Пендиков. Односите меѓу Македонија и Бугарија се напнати во изминатите повеќе од две години, откако Софија започна со блокада на македонските евроинтеграции во 2019 година.
Блокадата делумно се надмина летоска и преговорите на земјава со ЕУ почнаа, но Бугарија го условува отворањето на поглавјата со внесување на Бугарите во македонскиот Устав, за што во моментов го нема потребното двотретинско мнозинство.