Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска пристигна во Египет, со што ја почна тридневната посета на Блискиот Исток. Неговата посета доаѓа во време кога се разгорува насилството меѓу Израелците и Палестинците, а тема на разговори со неговите домаќини ќе бидат и Иран и Украина.
Блинкен во понеделник заминува за Ерусалим. Новата десничарска влада на ирзаелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху предизвика загриженост дома и во странство за иднината на секуларните вредности на Израел, поради нарушените односи со арапското население и застој во мировните преговори со Палестинците.
Палестински напаѓач уби седум лица во напад пред синагога во Ерусалим во петокот, што е најлошиот напад врз Израелците во областа Ерусалим од 2008 година. Во четвртокот, израелските сили убија седум вооружени мажи и двајца цивили во окупираниот град Џенин на Западниот брег, најсмртоносниот рација таму во последните години.
Видете и ова: Израелската полиција приведе 42 лица за смртоносниот напад пред синагогаБлинкен таму ќе ги повтори американските повици за смиреност и ќе ја нагласи поддршката на Вашингтон за решение меѓу две држави, иако американските власти признаваат дека наскоро нема да има мировните преговори.
Блинкен ќе отпатува и за Рамала за да се сретне со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас.