Украински тенкисти пристигнаа во Велика Британија на обука, соопшти британското Министерство за одбрана на 29 јануари, Пред само неколку дена Велика Британија и другите земји на НАТО ветија повеќе од 130 тенкови на Украина.
„Велика Британија, заедно со другите партнерски земји, ќе обезбеди тенкови „Челинџер 2“ на Украина, демонстрирајќи поддршка за Украина“, твитна Министерството на 29 јануари.
Соединетите Американски Држави и Германија минатата недела се договорија да испратат тенкови Абрамс и Леопард 2 во Украина, додека Обединетото Кралство претходно во јануари соопшти дека ќе испрати 14 тенкови Челинџер 2. Германија, исто така, им дозволи на другите земји, како Норвешка и Полска да ги испратат своите тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина.
Полска соопшти дека ќе обезбеди уште 60 тенкови на Украина, како дополнение на 14-те тенкови Леопард 2 од германско производство што веќе ги вети.
Украинските власти постојано велат дека им се потребни 300 тенкови додека се обидуваат да ги протераат руските сили од нивната територија. Украина изгуби повеќе од половина од своите 850 тенкови во текот на 11-те месеци, наведува веб-страницата Орикс, која користи алатки за броење на уништената опрема.
Русија има многу повеќе тенкови од Украина, но нивните модели се инфериорни во некои клучни аспекти во однос на западните модели.