Фон дер Лајен – Украина има безусловна поддршка

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во пресрет на Самитот ЕУ – Украина наредната недела, изјави дека Украина има безрезервна поддршка од Европската унија (ЕУ) и дека земјата треба да ги надвладее руските напади за да ги одбрани европските вредности.

„Ние сме на страната на Украина без никакво ако и но“, рече таа на настан организиран од нејзината партија – Христијанско демократската унија, во германскиот град Дизелдорф.

Украина „се бори за нашите заеднички вредности, се бори за почитување на меѓународното право и за принципите на демократијата, и затоа Украина мора да победи во оваа војна“, рече таа.

Видете и ова: Најмалку три лица загинале во руски напад во Доњецк


Самитот ЕУ – Украина е закажан за 3 февруари.

Скоро цела година Украина води војна против Русија, која ја почна инвазијата врз украинска територија на 24 февруари минатата година.