Израелската полиција приведе 42 лица на сослушување по нападот пред синагога во Источен Ерусалим, во кој загинаа седум лица на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. Приведените се роднини и соседи на починатиот 21-годишен напаѓач , соопшти полицијата во саботата.
Неколку други беа повредени кога мажот отвори оган кон луѓето што ја напуштаа синагогата во израелската населба Неве Јаков во петокот вечерта. Полицајците го убиле напаѓачот на местото на настанот додека безбедносните сили опколиле областа.
Ситуацијата меѓу Израелците и Палестинците е се понапната од серијата напади минатата година. Девет Палестинци беа убиени, а 20 други беа повредени во судирите со израелските војници во Џенин на Западниот Брег во четвртокот. Израел соопшти дека операцијата била спроведена со цел да се уапсат членови на милитантната група Исламски џихад. Од одделот за безбедност во Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху вечер треба да се состане на оваа тема.
Видете и ова: Министерот за национална безбедност на Израел забрани истакнување на палестински знамињаИ денеска палестински напаѓач отвори оган во источен Ерусалим, ранувајќи најмалку две лица.
Во пукотницата во близина на историскиот Стар град на Ерусалим беа ранети најмалку двајца мажи, на возраст од 23 и 47 години, во горниот дел од телото, соопштија болничарите. Засега нема информации за состојбата на напаѓачот.