Британското Министерство за одбрана во својот дневен билтен за разузнавање на 28 јануари соопшти дека Русија најверојатно изгубила околу 300 војници во украинскиот напад врз објект за сместување војници во Макијивка на 1 јануари.
Министерството процени дека повеќето од жртвите се убиени или исчезнати, а не ранети.
Русија тврдеше дека 89 војници биле убиени во нападот, додека украинската војска и воените блогери кои се про-Кремљ велат дека околу 400 војници загинале или биле ранети во артилерискиот напад.
Видете и ова: Русите тагуваат за војниците убиени во украински напад, Кремљ смета дека нивните мобилни ја откриле локацијата„Разликата меѓу бројот на жртви што Русија ги призна и веројатниот вистински вкупен број го нагласува распространетото присуство на дезинформации во руските јавни соопштенија“, се вели во извештајот на британското разузнавање.
Во него се додава дека Русија презеде редок чекор да признае дека претрпела жртви бидејќи „официјалните лица веројатно оцениле дека не е изводливо да избегнат коментари, соочени со широките критики на руските команданти за инцидентот“.
Градот Макијевка, е под контрола на Москва, во областа Доњецк.