Алијанса за Албанците формира тим кој ќе преговара за евентуалното влегување на партијата во Владата, беше соопштено по вечерашната средба на партиското претседателство во Тетово. Лидерот на АА, изјави дека денеска и во деновите од викендот ќе се прецизира стратегијата со која ќе настапат во преговорите, кои ќе бидат нивните барања и приоритети, а потоа и за кадровските решенија.
Таравари најави дека во меѓувреме ќе организира и внатрепартиски референдум на кој, како што наведе, 11.500 партиски членови ќе можат да го искажат своето мислење.
Видете и ова: Алијанса за Албанците избра раководни тела, партиска комисија ќе одлучува за влезот во ВладаВо врска со нивното барање за обезбедување на мнозинство со Собранието за уставни измени, Таравари кажа дека се уште го нема, но оти треба да се даде шанса за да се обезбеди потребниот број пратеници.
Лидерот на Демократскиот Сојуз, еден од коалициските партнери во Владата деновиве изјави дека ќе подржи реконструкција на Владата само ако има соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта и во другите институции. Партијата Алтернатива, која исто така е една од членките на владината коалиција, во понеделникот изрази резерви кон вклучувањето на АА во Владата, оценувајќи дека нејзината улога би била „да го амортизира расколот во ДУИ“. Поддршка за проширување на владината коалиција со Алијанса за Албанците не даваат нити тројцата пратеници од таканаречената „Огнена група“ од ДУИ која ја сочинуваат Изет Меџити, Кастриот Реџепи и Мерита Колчи Коџаџику.