Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кога им се оддава почит на сите што беа убиени од нацистите и нивните соработници, на денот на ослободувањето на Логорот на смртта Аушвиц пред 78 години изјави: „Ветуваме дека ова никогаш повеќе нема да му се случи на нашиот народ. Разликата сега е во тоа што еврејскиот народ ја има државата Израел. Израел се штити себеси. Ние сме силна и енергична нација и изградивме силна држава која нема да дозволи нашите непријатели да нанесат голема болка, страдање и катастрофална загуба што нашиот народ го доживеа за време на холокаустот“.
Видете и ова: Бугарија осудена во Стразбур за книги во кои се вели дека Холокаустот е измамаТој изјави дека има „оние кои се уште повикуваат на уништување“ на Израел, но таа земја никогаш нема да дозволи „заканите на тираните да го заплашат“. Во Израел годинава Денот на сеќавање на холокаустот посебно ќе биде одбележан на 17 и 18 април. Според податоците од 2022 година, во Израел имало 161.400 преживеани од Холокаустот, со просечна возраст од 85,5 години и 1.000 постари од 100 години.