На клевети, сериозни притисоци , распити и мобинг врз вработените , паушално толкување на законите и документите како и оградување од надлежности, се проблемите кои ги посочија вработените во Младинскиот културен центар по вчерашната прес конференција на градоначалничката Данела Арсовска за случувањата во МКЦ. Програмските уредници испратија и порака до надлежните институции.
„Веќе четврта година сме мета на јавни обвинувања и подметнувања, разни финансиски полиции, ревизии, контроли и судови. Ни го убивте ќејфот и љубовта кон работењето. Истрајавме, и ќе истраеме сѐ додека веруваме во правна и правична држава, и само во тоа. Престанете да ни праќате неидентификувани и неовластени лица да ни вршат распити, да ни се врши мобинг и притисок на нашето работно место“е ставот на програмскиот колегиум на МКЦ.
Видете и ова: Новиот в.д. директор на МКЦ ги сменил бравите во сметководство и во архиваПрограмските уредници во институцијата ги дематираат сите обвинувања кои таа вчера ги насочи на нивна адреса и додаваат дека изминативе денови се изложени на сериозни притисоци од вработени во Градот кои не се дел од ревизијата, а се постојано во канцеларијата на ново назначениот в.д. директор Никола Алексов.
„Сакаме да прашаме кој е Ѓорѓи Грковски, кој што се појавува тука, тој не е ревизор, туку е раководител на сектор за општи работи во Град Скопје, кој е тој човек и дали има право да им поставува прашања на вработените кои немаат врски со материјално и финансиско работење на МКЦ кое во надлежност на оцена на ревизорите. Немаме проблем да соработуваме со вистинските ревизори и за нив се достапни сите документи на МКЦ, но прашања и инсинуирање да се дадат изјави на одредени теми од лице за кое не знаеме дали воопшто има некаква надлежност во текот на ревизијата е во најмала рака сомнително,“вели Филип Николовски од МКЦ.
Видете и ова: Разрешениот директор на МКЦ обвинува за притисоци од Град Скопје за вработување на Бени ШаќириВо однос на обвинувањата на Арсовска кон претходниот вд директор на МКЦ Ванчо Богоев за „тајниот состанок во канцелариите на Градот “ на кој му се вршеле, како што вели Богоев притисоци за вработување на Арбен Шаќири, познат во јавноста како Бени, вработените во МКЦ апелираат до вработените во градската администрација кои „тивко кажуваат за гласниот состанок меѓу поранешниот вд директор и генералниот секретар на Град Скопје“ да го обзнанат тоа јавноста и надлежните институции.
„Тој Богоев има изјави со кои се обидува, знаејќи кои работи со оваа ревизија следат, знаејќи она што го правел во изминатите 12 месеци, да најде начин, нешто што ќе предизвика доволен притисок во јавноста, за да смета дека тоа може да биде начин да се повлече од ова што следи“ изјави вчера Арсовска.
Програмските уредници бараат да се отвори регуларен и чесен конкурс за назначување на директор на МКЦ.
Видете и ова: Арсовска: на МКЦ не му се скратени 90 проценти од буџетот, деманти од МКЦ и ВМРО ДПМНЕАрсовска вчера обвини дека од сметката на МКЦ биле „испумпани“ колу 100 илјади евра.
„Тоа е спинување, тоа не се повлечени пари, според информација вчера се работи за обвинувања извлечени од незавршен ревизорски извештај. Да објасниме дека тоа е погрешно толкување на благајничкото работење, не е тоа кеш што некаде стои во моментов. тоа се благајнички и записи на уплати на дневен промет кој ги прави угоститеслата дејност во МКЦ“, вели поранешниот привремен директор Русе Арсов.
Во однос на документите кои пред медиумите покажа Арсовска дека ги поседува и кои не ги објави ниту сподели со медиумите, а се однесуваат на како што вели таа 90 договори за шанкери, програмските уредници објаснуваат дека се однесуваат на месечно ангажирање на неколку млади луѓе во текот на 12 месеци.
„Најчесто тоа се студенти, кои чесно работат за дневница, често и двојни смени, која на крај на месецот врз основа на сработеното им се исплаќа како хонорар, со платен данок. И секако 90 договори не се 90 лица - паушален одговор за 12 месеци во годината се 7 извршители месечно, секое со свој посебен месечен договор. Како и да е, на секој од нив посебно сме им благодарни“ вели Кирил Мечалов, вработен во МКЦ.
Тој додава дека дека изминатава година работат со помал број на вработени од претходните години, и дека МКЦ континуирано бара од Град Скопје нови вработувања, па макар тоа било времено и преку Агенција за привремени вработувања, за кои е потребна согласност од Град Скопје, која до сега не ја добиле.
Видете и ова: Стотици граѓани на протестен собир за одбрана на МКЦЗа кратењето во буџетот за работа на МКЦ, вработените тврдат дека програмскиот буџет од 22,3 милиони денари во 2020 година лани им бил намален на 14,5 милиони денари.