Дваесет и петгодишен велешанец преку „Инстаграм“ запознал четиринаесетгодишно девојче, кое под закани и уцени, го принудувал да оди во станови што биле изнајмувани на повеќе локации во Велес, на средби со други машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци и во таква состојба вршеле полови дејствија врз девојчето иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе. По спроведена истрага за случајот приведени се пет лица и против нив е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години. Приведените се на возраст од 25 до 32 години. Четворица од нив се од Велес, а еден од Тетово.
Видете и ова: Продолжуваат протестите за заштита од насилство во Приштина по случајот со силувањето на 11-годишно девојчеЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава во текот на вчерашниот ден донел Наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица. Врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г од Кривичниот законик. „Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед, се вели во соопштението од ЈОРСМ.