Висок функционер на ЕУ вели дека Русија ја однела својата војна против Украина во „поинаква фаза“ преку неселективни напади врз цивили и невоени цели, истовремено критикувајќи ја Москва дека ги поттикнала неодамнешните потези на Германија и САД да испратат напредни тенкови во Украина. Стефано Санино, генерален секретар на Европската служба за надворешни работи на Европската унија, им рече на новинарите во Токио дека Путин „се префрлил од концептот за специјална операција на концепт за војна против НАТО и Западот“.
Видете и ова: Западните тенкови „витални“ во обидот на Украина да ги истера руските силиТој рече дека германските и американските тенкови се наменети да им помогнат на Украинците да се одбранат. „Мислам дека овој најнов развој во однос на снабдувањето со оружје е само еволуција на ситуацијата и на начинот на кој Русија почна да ја движи војната во друга фаза“, рече Санино, додавајќи дека ЕУ не ја поместува војната во друга фаза, туку „само дава можност да се спасат животи и да им се дозволи на Украинците да се бранат од овие варварски напади“.