Орбан: Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ за Русија за нуклеарна енергија

Виктор Орбан

Унгарија ќе стави вето на какви било санкции на Европската унија против Русија кои влијаат врз нуклеарната енергија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за државното радио. Украина ја повика 27-члената ЕУ да ја вклучи руската државна компанија за нуклеарна енергија Росатом во санкциите, но Унгарија, која има руска нуклеарна централа што планира да ја прошири заедно со Росатом, го блокираше тоа. „Нема да дозволиме да се спроведе планот за вклучување на нуклеарната енергија во санкциите. Ова не доаѓа предвид“, рече унгарскиот премиер.

Видете и ова: Како Орбан се обиде да занеми 10 милиони Унгарци за путиновата војна

Унгарија, членка на ЕУ, постојано ги критикуваше санкциите на ЕУ кон Русија поради нејзината инвазија врз соседна Украина, велејќи дека тие не успеаја значајно да ја ослабат Русија, додека ризикуваат да ја уништат европската економија. Западот не воведе санкции за Росатом откако Русија ја нападна Украина.