Срѓан Ѓоковиќ, таткото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, објави дека нема да присуствува на денешниот полуфинален натпревар на Австралија опен во Мелбурн, кој неговиот син го игра против Американецот Томи Пол. Таткото на српскиот тенисер доби остри критики откако се сликаше со навивач кој носи знаме со ликот на рускиот претседател Владимир Путин по четвртфиналниот меч на неговиот син во Мелбурн против Русинот Андреј Рубљов. Срѓан Ѓоковиќ во соопштението кое го испрати до организаторите на првиот сезонски Грен слем турнир изјави дека нема да присуствува на натпреварот.
Видете и ова: Таткото на Ѓоковиќ позира со навивачи со знамиња на РусијаОрганизаторите изјавија дека разговарале со играчите и членовите на нивните тимови за важноста да не се вклучат во никакви активности кои би можеле да го нарушат турнирот и повторија дека е забрането истакнување на знамињата на Русија и Белорусија. Спортистите од Русија и Белорусија се исфрлени од речиси сите меѓународни натпреварувања поради војната во Украина, а каде што учествуваат, знамињата на нивните земји не се истакнати и се натпреваруваат како неутрални спортисти.