Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека е „бесмислено“ да се одржи трилатерален состанок со Шведска и Финска за да се разговара за нивните кандидатури за НАТО по протестите овој месец во Стокхолм.
Говорејќи на прес-конференција, Чавушоглу, исто така, рече дека нема понуда за одделно оценување на членството на Шведска и на Финска во НАТО.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека неговата земја сака да го обнови НАТО дијалогот со Турција, откако Анкара на неодредено време ги одложи трилатералните разговори со Шведска и Финска за нивното членство.
Видете и ова: Турција ја откажа трилатералната средба со Шведска и ФинскаШведска бара одобрение од Турција за влез во НАТО, откако минатата година поднесе барање за членство во Алијансата по руската инвазија на Украина која започна на 24 февруари. Турција ја обвинува Шведска дека засолнила милитанти, вклучително и од забранетата Курдистанска работничка партија.