Украина изутрината прогласи тревога за воздушен напад над целата земја, а регионалните власти предупредија на можен ракетен напад. Два руски проектила се забележани над територијата на регионот на Миколаев, изјави нејзиниот гувернер Виталиј Ким на апликацијата за пораки Телеграм. „Рекетите летаат на територијата на Украина. Најмалку две се северозападно низ регионот на Миколаев“, рече тој.
Украина потврди дека нејзините војници се повлекле од Соледар
Украинското Електростопанство соопшти дека врши итно исклучување на електричната енергија во главниот град Киев, остатокот од регионот на Киев, како и во регионите Одеса и Днепропетровск поради опасност од ракетен напад. Претходно, украинската војска соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана ги соборила сите 24 руски беспилотни летала лансирани во напад во текот на ноќта. Петнаесет од беспилотните летала биле соборени околу главниот град Киев, каде што нема извештаи за каква било штета.