Украинскиот претседател Володимир Зеленски брзо се сврте со барања за ракети со долг дострел и воени авиони неколку часа откако Германија и Соединетите држави ветија дека ќе му дадат на Киев десетици напредни борбени тенкови. Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање на 25 јануари рече дека сега е неопходно „да се продолжи со набавка на авиони за Украина“.
Видете и ова: Бајден - САД испраќаат 31 тенк Абрамс во УкраинаПрашањето за тенкови тешко го оптоваруваше НАТО со месеци пред Британија, потоа Берлин и Вашингтон, да се согласат да обезбедат обука и опрема со надеж дека ќе помогнат да се запре очекуваниот притисок од страна на Русија во нејзината речиси едногодишна инвазија. „Многу е важно да има напредок и во другите аспекти на нашата одбранбена соработка“, рече Зеленски, додавајќи дека претходно во текот на денот разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Ние, исто така, мора да го отвориме снабдувањето со ракети со долг дострел за Украина. Ние исто така мора да ја прошириме нашата соработка во артилерија, мора да влеземе во снабдувањето со авиони за Украина. И ова е сон. И ова е задача“. Зеленски, исто така, ги поздрави новите одлуки на Соединетите Држави и Германија за снабдување со борбени тенкови на неговата земја. Тој додаде дека е важно брзо да се обучат украинските тенковски екипажи и што е можно поскоро да се испорачаат борбените тенкови во Украина. Москва предупреди дека го смета за опасна провокација снабдувањето со тенкови на Украина.
Видете и ова: Германија ќе испрати тенкови во УкраинаОткако американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц ги објавија своите одлуки за снабдување со тенкови, Бајден и Шолц одржаа заеднички разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Риши Сунак и италијанскиот премиер Џорџија Мелони. Се наведува дека лидерите се согласиле за потребата од постојана воена поддршка за Украина и блиска трансатлантска координација.