Московскиот градски суд пресуди во полза на барањето на Министерството за правда за ликвидација на Московската Хелсиншка група (МХГ), најстарата руска организација за човекови права, во услови на кампања во Кремљ за задушување на критиките за војната во Украина.
На судијата Михаил Казаков му беа потребни помалку од 20 минути за да ја донесе пресудата на 25 јануари, според „Медиазона“.
Формалната причина за овој потег беше тоа што членовите на групата учествуваа во настани „надвор од нивниот регион“, Москва.
Видете и ова: Затворениот руски актер Јефремов бара трансфер во отворена затворска колонијаМХГ е основана во 1976 година од страна на истакнати советски дисиденти во станот на легендарниот бранител на правата и физичар Андреј Сахаров.
Нејзините членови беа уапсени или принудени на егзил веднаш по основањето на МХГ.
Групата ги оживеа своите операции во Русија кон крајот на 1980-тите.