Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека соработува со Пентагон за да развие ракета со нуклеарен погон наменета да испрати луѓе на Марс. Шефот на вселенската агенција, Бил Нелсон изјави дека е формирано партнерство со американската воена истражувачка агенција Дарпа за „развој и тестирање на напредна технологија за термички нуклеарен погон во 2027 година“.
Видете и ова: Вселенското летало Орион на НАСА постави рекорд десет дена по лансирањето„Со помош на таа технологија, астронаутите би можеле да патуваат во вселената побрзо од кога било досега“, рече Нелсон, додавајќи дека е неопходно да се испратат мисии со екипаж на Марс. Таквата ракета на нуклеарен погон би можела да биде три до четири пати поефикасна од ракетата со конвенционално гориво и би го намалила времето на патување до Марс.