Советникот на Стејт департментот на САД, Дерек Шоле изјави дека го охрабрува косовскиот премиер Албин Курти да го прифати предлогот на ЕУ за нормализација на односите со Србија. Во објава на Твитер, тој вели дека разговарал со Курт за ова прашање во вторникот. „Клучна тема беше нашето партнерство и заедничката цел за унапредување на европската и евроатлантската интеграција на Косово“, напиша Шоле, наведувајќи дека со Курти разговарал и за унапредување на дискусиите за Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово.
Видете и ова: Борел: Предлозите на ЕУ носат значителни придобивки за Белград и ПриштинаДоговорот за создавање на оваа заедница е постигнат уште во 2013 година во рамките на дијалогот за нормализација на односите Косово-Србија, со посредство на ЕУ, но тој никогаш не е спроведен. Властите во Косово велат дека не може да се создаваат моноетнички здруженија, додека оние во Србија инсистираат на формирање на договорената Заедница. Американската амбасада во Приштина за 31 јануари најави дискусија за Заедницата, наведувајќи дека се поканети претставници на граѓанското општество, функционери и други политичари. Од Владата на Косово не одговорија на прашањето на РСЕ дали Курти добил покана за оваа дискусија. Предлогот на ЕУ за нормализација на односите Косово-Србија беше доставен до двете земји на крајот на летото, но неговата содржина не е објавена во јавноста. Врз основа на верзијата до која РСЕ имаше пристап, таа не вклучува меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија, туку заложба на двете страни да не се попречуваат една со друга во процесот на интеграција.
Видете и ова: Шоле: За договор Косово-Србија се потребни тежок избор и политичка храбростВо интервјуто дадено за Радио Слободна Европа во минатата недела, Шоле рече дека конечниот договор меѓу Косово и Србија ќе бара „политичка храброст“. Курти деновиве рече дека предлогот е „добра основа за понатамошни разговори“, но не прецизираше повеќе. Во Србија, претседателот Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да работи на планот за нормализација на односите со Косово.