Документи со доверливи ознаки беа откриени во домот на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс во Индијана во минатата недела, изјави неговиот адвокат во писмо до Националната архива. Ова е најновото во низата откритија на доверливи информации во приватни резиденции. Записите „се чини дека се мал број документи со класифицирани ознаки кои во кутии ненамерно биле транспортирани во личниот дом на поранешниот потпретседател на крајот од минатата администрација“, напиша адвокатот на Пенс, Грег Џејкобс во писмото споделено со Асошиетед прес. Џејкобс наведува дека Пенс „најмил адвокати искусни во ракување со доверливи документи за да ги прегледаат записите зачувани во неговиот дом, откако беше објавено дека доверливи документи се пронајдени во резиденцијата на актуелниот претседател Џо Бајден во Вилмингтон.
Видете и ова: ФБИ пронашле нови доверливи документи во куќата на БајденМинистерството за правда веќе наименува специјален советник за да го испита присуството на доверливи документи земени од имотот на Трамп на Флорида и од домот и поранешната канцеларија на Бајден во Вашингтон. Адвокатот на Пенс во своето писмо изјави дека поранешниот потпретседател „не бил свесен за постоењето на чувствителни или доверливи документи во неговата лична резиденција“ и дека „тој е подготвен целосно да соработува во истрагата“.