Потпретседателот на бугарското Собрание, Кристијан Вигенин денеска ги повика властите и партиите во Македонија да се воздржат од изјави кои не водат кон решавање на проблемите меѓу двете земји. „Ги повикуваме властите во Северна Македонија, како и водечките политичари и партии, да се воздржат од изјави и постапки кои не водат кон решавање на проблемите, туку до неприфатлива ескалација, која долгорочно може да го влоши дијалогот меѓу двете земји, изјави Вигенин, кој е потпретседател на Бугарската социјалистичка партија (БСП). Тој најави дека неговата партија ќе инсистира за инцидентот од четвртокот во Охрид да бидат информирани Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). „Настаните од последните денови во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија ја потврдуваат исправноста на ставот на БСП да не поддржи укинувањето на ветото за преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија“, изјави Вигенин на брифинг со новинарите, по одолжувањето на точката од дневниот ред на денешната седница на бугарското Собрание по која требаше да се расправа за односите на Софија со Скопје.
Видете и ова: Дебатата во бугарското собрание за Северна Македонија одложенаРасправата, иницирана од националистичката партија Преродба и на собраниската Комисија за политики за Бугарите во странство, беше одложена затоа што на седница не дојде шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, поради, како што беше соопштено, службено патување надвор од државата. Шефот на државата Стево Пендаровски вчера по завршувањето на седницата на Советот за безбедност, на која се разговараше за најновиот развој на настаните во односите се Бугарија, најави дека Советот ќе предложи до Владата да се забрани влез во земјава на еден европратеник и неколку други лица, бидејќи постојат сомневања дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба.
Видете и ова: Чествувањето на Делчев настан од висок ризик кој службите нема немо да го набљудуваатПретседателот на државата рече и дека се очекува на 4 февруари организирана група од Бугарија да пристигне во земјава на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Групата, како што посочи Пендаровски, ќе има цел нарушување на безбедноста и дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија. Претседателот додаде дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата, се до гробот на Гоце Делчев. Бугарскиот европратеникот Ангел Џамбаски, пак и денеска продолжува со провокациите на адреса на Северна Македонија. Тој денеска на Фејсбук објави: „Македонија била и е бугарска. Северна Македонија е нешто друго – тоа е заслуга на Тито. Со забрани за влез во земјата, нема да ја избришете вистината“.