Испораката на тенкови „Леопард“ од германско производство на Украина не ветува добро, предупреди денеска Кремљ, во време кога расте притисокот врз Берлин да одобри испраќање на ова оружје во Киев. „Ваквите испораки нема да донесат ништо добро за руско-германските односи“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека тоа „ќе остави неизбришлива трага“. Денеска Полска побара од Германија дозвола да ги испрати своите тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина.
Видете и ова: Зошто толку врева околу германските „леопарди“?Варшава претходно објави дека е подготвена да испрати 14 тенкови во Киев како дел од меѓународната коалиција, но беше дочекана со неволност од Берлин, кој е под зголемен притисок да ги одобри испораките. Варшава соопшти дека разговара со околу 15 земји од меѓународната коалиција на оваа тема, бидејќи голем број европски армии ги имаат овие тенкови, што може да има значително влијание врз украинскиот конфликт.