Османи – Гир: потребна е искрена политичка волја за усвојување на уставните измени

амбасадорот Дејвид Гир

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретна со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир при што во фокусот на разговорите беше соработката меѓу ОБСЕ, со која актуелно претседава Македонија, и ЕУ, вклучително и потребата од поблиска координација во дадениот чувствителен геополитички контекст. Како што соопшти МНР, министерот Османи го брифираше евроамбасадорот за неодамнешната посета на Киев и средбите со украинскиот државен врв. Во таа смисла, тој најави посета на Брисел кон крајот на месецот, каде во својство на претседавач со ОБСЕ, ќе се сретне со челниците на институциите на ЕУ, при што централна тема на разговор ќе биде Украина.

Груби го информирал Гир дека се почнати подготовки за уставните измени

Соговорниците размениле мислења и околу европското досие на Северна Македонија, односно реформската агенда под лупа на отпочнатите преговори за членство во Европската Унија. „Во тој контекст, амбасадорот Гир ги предочи позитивните сигнали од Европската комисија за нивото на подготвеност на нашата администрација и одличниот старт на скрининг процесот. Воедно, укажа на важноста од усвојување на најавените уставни измени, за што е потребна искрена политичка волја и проевропски курс од сите политички фактори во државата“, се наведува во соопштението.