Финскиот министер за надворешни работи денеска изјави дека е потребен тајмаут од неколку недели во разговорите меѓу Финска, Шведска и Турција во врска со плановите на двете нордиски земји да му се приклучат на НАТО. „Потребен е тајмаут пред да се вратиме на тристраните разговори и да видиме до каде сме кога ќе се спушти прашината по сегашната ситуација, така што сè уште не треба да се донесуваат заклучоци“, изјави министерот за надворешни работи Пека Хаависто за Ројтерс. „Мислам дека ќе има пауза од неколку недели“, додаде тој.
Видете и ова: Ердоган: Шведска нема да види поддршка од Турција за НАТО, ако не покаже почитТурскиот претседател вчера рече дека Шведска не треба да очекува поддршка од неговата земја за членство во НАТО по протестот во близина на турската амбасада во Стокхолм викендот, вклучително и палењето на копија од Куранот.