На затворена седница на српската влада присуствуваше српскиот претседател Александар Вучиќ. Според соопштението од српската влада, Вучиќ ги седницата ги информирал министрите за ставот на официјален Белград за прашањето за Косово, како што се наведува, со „предизвиците и тешкотиите со кои се соочува Србија“.
Договорено е и претседателот, владата и сите извршни органи да работат „синхронизирано и унифицирано“. Седницата траеше час и половина, а по нејзиното завршување немаше изјави за новинарите. Од неговиот кабинет најавија обраќање до јавноста во 20 часот.
Видете и ова: Дачиќ: Итното формирање на ЗСО е предуслов за разговори за решение меѓу Белград и ПриштинаВучиќ на 20 јануари се сретна со европско-американски тим дипломати во Белград, а по разговорот изјави дека Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на имплементација на европскиот план за нормализација на односите меѓу Србија и поранешна покраина Косово.
По средбата со претставниците на Европската унија, Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Италија на 20 јануари, Вучиќ рече дека „по едно важно прашање“ од планот, покажал „сета загриженост и резерва“. Сепак, тој не прецизираше за што станува збор, наведувајќи дека не може да зборува за тоа бидејќи планот не е јавен. Станува збор за предлог на ЕУ поддржан од Германија, Франција и САД, кој беше претставен пред Белград и Приштина во септември и декември 2022 година.