Со помали казни од претходна пресуда заврши денеска повторениот судски процес за предметот Титаник 2. Обвинетиот поранешен директор на Управата за контраразунавање и безбедност Сашо Мијалков денеска беше прогласен виновен по втор пат за ист предмет, со казната затвор од 2 години.
Иста казна добија и неговите соучесници лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи како и тогашните членови на Државната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими од ДПА и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО – ДПМНЕ.
Видете и ова: Поништени пресуди - застарена „правда“Мијалков беше обвинет за примање награда за противзакониот влијание додека останатите се товареа за повреда на избоирачко право. Проблемот е во тоа што според кривичниот законик делото на Мијалков му застарува во април годинава, што значи ако до тогаш не стане правосилна пресудата, тој нема да ја одлежи затворската казна за предметот Титаник 2. До тогаш течат роковите за жалба до второстепениот Апелационен суд, по чија одлука оваа пресуда треба да стане правосилна.
Видете и ова: Правдата во сенка на аферитеСпоред Обвинението Мијалков во 2013 година преку Мендух Тачи нарачал тој да му наложи на сопартиецот Бедредин Ибраими во ДИК да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ а на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев што и беше сторено.
Првиот судски процес за случајот „Титаник 2“ заврши во март 2019 година со казни повисоки од изречените денес. Тогаш Мијалков доби три години затвор, Тачи три години и два месеци, а Ибраими доби четири и пол годишна затворска казна, додека останатите тројца члленови на ДИК беа осудени на по три години затвор. Во декември 2019 година Апелација ја укина пресудата и ја врати на повторно судење кое траеше до денес.
Судскиот совет испрати вонредна инспекција во Апелациониот суд поради реакциите во јавноста за укинувањето на пресудите за најголемите предмети поврзани со аферата за масовно незакоснко прислушување Таргет Тврдина и Трезор.
Според заклучоците на судскиот совет - Апелацискиот суд во Скопје неразумно долго, без да наведе причини, ги чувал предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ во кои обвинет е ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, но и случајот „Транспортер“ за ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, а пропусти има и во случајот „Алфа“ за убиството на полицаецот кај ПМФ.
Во „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ со првостепената пресуда беше осуден поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков на 12 години затвор. Покрај него во овој предмет осудени беа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, избеганите разузнавачи Горан Грујовски и Никола Бошковски и нивниот колега Тони Јакимовски. Во Трезор беше осуден за 8 години казна затвор.