Заседава Националниот совет за безбедност на Албанија

Aлбанскиот претседател Бајрам Бегај

Албанскиот претседател Бајрам Бегај за денеска попладне го свика Националниот совет за безбедност. Тема на средбата ќе биде целосна анализа на безбедносната состојба во земјата, јавуваат албанските медиуми.

Се очекува на состанокот да присуствуваат постојани членови и раководители на институции значајни за националната безбедност. Ова е втора седница на Националниот совет за безбедност, по преземањето на функцијата шеф на државата од страна на Бегај, на 24 јули минатата година.

Видете и ова: Советот за безбедност по една година ќе расправа за безбедносната состојба

Средба на Советот за безбедност во исто време се одржува и во кабинетот на македонскиот престедател Стево Пендаровски. По пет и пол месеци од последната седница на Советот за безбедност на иста маса кај претседателот Стево Пендаровски ќе седнат нејзините членови, а на дневен ред како што соопштија од неговиот кабинет, ќе биде безбедносната состојба во Република Северна Македонија и евро-атлантскиот регион.

Станува збор за редовна седница на која освен членовите, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.